Во периодот од 14.02.-18.02.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 226 инспекциски надзори.

Од нив 93 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето, а 27 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести. При некои инспекциски надзори беше вршена контрола врз спроведувањето на повеќе закони истовремено за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Исто така беа извршени 44 вонредни инспекциски надзори и тоа: 32 по известувања за несреќи на работа, 8 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 4 по барања од страна на работодавачи за исполнетост на услови од областа на безбедност и здравје при работа.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 44 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Во овој извештаен период издадени се вкупно 5 платни налози и тоа 2 платни налози со вкупно изречена глоба за работодавач и одговорно лице од 1400 евра во денарска противвредност за непријавена повреда при работа и 3 платни налози со поединечна глоба од 20 евра во денарска противвредност за неносење заштитни маски во затворен простор.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени беа 62 контролни инспекциски надзори.