Во текот на изминатата работна недела од 7.02. до 11.02.2022 година, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 375 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 129 редовни надзори, 177 вонредни надзори и 69 контролни инспекциски надзори за утврдување  дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 84 решенија од кои 70 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 14 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена .

Издадени се 8 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Во периодот од 07.02.-11.02.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 212 инспекциски надзори.

Од нив 113 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето, а 18 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести. При некои инспекциски надзори беше вршена контрола врз спроведувањето на повеќе закони истовремено за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Исто така беа извршени  вонредни инспекциски надзори и тоа: 31  по известувања за несреќи на работа и 5 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 67 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Во овој извештаен период поднесено е 1 барање за поведување на кривична постапка до Основното јавно обвинителство во Велес заради непревземени мерки од областа на безбедност  и здравје при работа од кои дошло до тешка повреда при работа со смртни последици на ангажираниот работник.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени беа 45 контролни инспекциски надзори.