Ве информираме дека Државниот инспекторат за труд ќе продолжи со вршење на вонредни инспекциски надзори во ден недела заради доследна примена за одредбите од Зконот за работни односи и Законот за трговија.

Заради поголема контрола врз спроведување на законските одредби на ден 30.01.2022 година извршени се вкупно 46 вонредни инспекциски надзори во 9 региони на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори.

При инспекциските надзори утврдени се неправилности кај 7 работодавачи кои не го почитувале Законот за работни односи и Законот за трговија, при што донесени се следниве инспекциски мерки:

решение опомена, вкупно 7 заради не почитување  на одредбите од Законот за работни односи според чл.134 ст.7 или по други основи.

Кај другите 39 работодавачи не се утврдени нерегуларности и/или имаат доставено известување за работа во недела до Државниот инспекторат за труд.