Државниот инспекторат за труд ги информира, правните субјекти/ работодавачи дека известување за работа во недела, за оние работодавачи коишто континуирано ќе работат во ден недела да го доставуваат еднаш во календарската година.

Истовремено Државниот инспекторат за труд Ве информира дека пријавите се доставуваат електронски на следната е-маил адреса rabotavonedela@dit.gov.mk,  заради попрегледна обработка на податоци од страна на инспекторатот или во архивите на подрачните одделенија, како и во централната архива во седиштето на ДИТ  на бул,, Партизански одреди “бр.48а Скопје.