Ве известуваме дека Државниот инспекторат за труд продолжи со вршење на вонредни инспекциски надзори во ден недела заради доследна примена на одредбите од Законот за работни односи и Законот за трговија.

На ден 09.01.2022 година извршени се вкупно 43 вонредни инспекциски надзори на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори.

При инспекциските надзори утврдени се неправилности кај 6 работодавачи при што кај 5 работодавачи за утврдената неправилност и донесена е инспекциска мерка опомена согласно чл.134 ст.7 од ЗРО (не го известиле ДИТ за работа во недела) а кај еден работодавач е изречена инспекциска мерка решение  за забрана за вршење на работа согласно чл.50-а ст.3 од Законот за трговија (кај работодавачот работи работник во ден недела спротивно на закон).