Почитувани,

Државниот инспекторат за труд Ве известува дека Известувањата за работа во недела потребно е да ги доставувате исклучиво на следната електронска адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk

Известувањата за работа на празник; за прекувремена работа; за ноќна работа;  за отпочнување на дејност; за отпочнување на вршење на градежни работи;  за несреќа при работа; како и Пријавата за полагање на стручен испит од областа на безбедност и здравје при работа или било каква друга пријава или известување да ги доставувате на следните електронски адреси: prijava@mtsp.gov.mk  или на  info@dit.gov.mk

Ова Известување е со цел правилно евидентирање на Вашите пријави во Државниот инспекторат за труд.

Државен инспекторат за труд