Во периодот од 27.12. до 31.12.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 160 инспекциски надзори.

Од нив 42 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа, 29 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести и 6 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведувањето на Законот за заштита од пушењето. При некои инспекциски надзори беше вршена контрола врз спроведувањето на повеќе закони истовремено за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Исто така беа извршени 33 вонредни инспекциски надзори и тоа: 30  по известувања за несреќи на работа и 3 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 30 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Исто така беа издадени 2 платни налога за изречување на глоба заради необезбедена обука на вработен кој се повредил на работа, на правно  и одговорно лице во правното лице, во вкупен износ од 1000 евра во денарска противвредност.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, беа извршени 67 контролни инспекциски надзори.

Во текот на изминатата работна недела од од 27.12. до 31.12.2021 год, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 329 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 70 редовни надзори, 192 вонредни надзори и 67 контролни инспекциски надзори за утврдување на дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 46 решенија со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 8 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 9 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект и 2 барања за поведување на прекршочна постапка.​