Во периодот од 13 до 17.02.2023 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 163 инспекциски надзори.
Од нив 72 инспекциски надзори (50 редовни и 22 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.
Исто така беа извршени 50 вонредни инспекциски надзори и тоа: 40 по известувања за несреќи на работа , 7 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 3 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.
За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа вкупно 54 решенија со наредба. По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 41 контролен инспекциски надзор.