When:
20/05/2021 @ 10:00 am – 1:00 pm
2021-05-20T10:00:00+02:00
2021-05-20T13:00:00+02:00

Државниот инспекторат за труд во соработка со Советот на Европа ХИ II и Европската Унија,  преку проектот за превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија, денеска одржаа  тркалезна маса насочена кон откривање, идентификација и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, на која учествуваа  директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска,  Националната координаторка, Национална Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграцијa и  државна секретарка на МВР Магдалена Несторовска,  Оперативната раководителка на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје Лејла Дервишагиќ,, трудови инспектори  и други засегнати страни.

На тркалезната маса беа презентирани наодите од анализата која беше изработена од експерти и која се однесуваше на ставот и перцепцијата на трудовите инспектори за состојбата со трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација и потребите од обука со цел јакнење на нивните капацитети.
Трудовата експлоатација, односно принудната работа и трговијата со луѓе претставува грубо прекршување на човековите права и правата на работникот. Со цел да обезбеди доследна примена на законите, инспекторите го мониторираат нивото на усогласенот на актите и процедурите на работодавачите во различни сектори од економската дејност. Државниот инспекторат за труд, како орган кој со закон има надлежност да постапува во сите регистрирани и нерегистрирани субјекти кои вршат определена дејност, има  голема улога во детектирањето и откривањето на потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Трудовите инспектори при вршењето на инспекциски надзори честопати се оние кои први доаѓаат во контакт со потенцијалните жртви на трговија со луѓе и од голема важност е да бидат запознаени со индикаторите за рано откривање на потенцијалните жртви,  како и да  имаат јасна претстава  за ова кривично дело, со што не би се пропуштиле дејствијата кои треба да се превземат и да не ги игнорираат индикаторите кои укажуваат дека можеби во конкретен случај постои трговија со луѓе,истакна директорката Тренчевска.
Исто така, беше истакната и важноста на заедничката меѓусебна соработка особено  со Министерство за внатрешни работи во борбата против трговија со луѓе  заради трудова експлоатација, како и со остабнатите релевантни чинители.


На тркалезната маса беше присутен и меѓународен експерт од Бугарија кој сподели искуства и позитивни пракси од работата на трудовата инспекција во Бугарија.
Воедно, на тркалезната маса се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат трудовите инспектори при откривање и прелиминарно идентификување на жртвите на ТЛ заради трудова експлоатација врз основа на претходно дефинирани индикатори  како и препораки за проценка на потребите за обука и зајакнување на знаењето на инспекторите за различните потреби на жените и мажите – жртви на ТЛ со цел трудова експлоатација.