When:
13/10/2021 @ 10:30 am – 15/10/2021 @ 3:30 pm
2021-10-13T10:30:00+02:00
2021-10-15T15:30:00+02:00

Државниот инспекторат за труд од 13-ти до 15-ти октомври 2021 година e домаќин на Оценска мисија на инспекторатите за труд, организирана во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот: Платформа за вработување и социјални работи 2, во која учествуваат колеги инспектори од Република Србија и Република Српска.

Работниот состанок се одржа во просториите на Сојузот на синдикати на Македонија со цел запознавање на инспекторите со регулативата од областа на трудовото законодавство, организационата поставеност и надлежностите на Инспекторатот, улогата на Инспекцискиот совет и креирање на политиките на Министерство за труд и социјална политика од трудовата област, како и  високата соработка со социјалните партнери Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачите на кој присуствуваа директорката на Инспекторатот Јована Тренчевска, главната инспекторка за труд Весна Томовски и инспектори од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа, како и претставник на Инспекцискиот совет Јулијана Сиљановска, претставник на МТСП, претседателот на Сојузот на Синдикати Дарко Димовски и извршниот директор на Организацијата на работодавачи – Светлана Ристовска Антиќ и гостите инспектори од Република Србија и Република Српска.

На состанокот, беа разменети искуства за инспекциските постапки, добрите практики и предизвици со кои се соочуваат инспекторите.  При Оценската мисија, оценувачите инспектори ќе имаат можност да учествата во заеднички инспекциски надзори кај правни субјекти во кои директно ќе се запознааат со начинот и постапката на спроведување на инспекцискиот надзор.