Повеќето работодавци се грижат за своите вработени со тоа што им обезбедуваат здравствено и пензиско осигурување. Ако не реагираме на време, нелојалната конкуренција добива можност да се шири и да ги загрози.

Оние кои не ги пријавуваат своите вработени ги оштетуваат сите граѓани и се неправедни спрема оние кои работат законски. Економијата и бизнисот не можат да напредуваат без почитување на законите. Со спречување на работата на црно се намалува нелојалната конкуренција.

Обврска на секој работодавец е при вработувањето на своите работници да им даде договор за вработување и копија од правата за задолжително социјално осигурување.

Државниот испекторат за труд им препорачува на сите работодавци да ги пополнат приложените контролни листи за да се осигураат дека работат согласно со правилата и законите.