Непријавувањето на работниците, односно работа на црно, ја стимулира сивата економија. Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска предност на оние кои не ги исполнуваат законските обврски. Таа го кочи развојот на државата и го спречува напредувањето на економијата.

Работата на црно создава нелојална конкуренција, му наштетува на бизнисот и на совесните работодавци кои се грижат за своите вработени. Како последица од неа не се полнат здравствените, пензиските и социјалните фондови, на штета на сите граѓани на Република Македонија.

Да ја спречиме заедно работата на црно, да ги заштитиме добрите работодавци од нелојална конкуренција и да им обезбедиме сигурност на сите вработени. На тој начин сите добиваат – работниците не мора да се грижат за својата безбедност, бизнисот оди напред, а заедно со него се развива и економијата.