Кога работиш на црно, ти си дел од сивата економија, која го кочи развојот на државата. Ти си дел од црнилото, живееш без здравствено и пензиско осигурување и не можеш да ги користиш правата од социјално и здравствено осигурување.

Секој работник при вработувањето задолжително мора да добие од својот работодавач договор за вработување и копија од правата за задолжително социјално осигурување.

Доколку немаш договор за вработување, не добиваш плата согласно колективниот договот и не ги остваруваш правата согласно законот за работните односи и колективниот договор, можеш да се заштитиш од неправилности со тоа што ќе ја пополниш пријавата за неправилности која се наоѓа на оваа страница.