Активности на ДИТ во борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во соработка со Совет на Европа

Трговија со луѓе како глобален проблем претставува кривично дело против човештвото, кое уништува многу животи не прави разлика на жртвите по основ на пол, раса и етничка припадност, а голем број на жртвите се жени и децата. Трудовите инспектори кога вршат инспекциски надзори се сретнуваат со различни категории на лица, кои може да бидат жртва на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Трудовите инспектори следејќи ги состојбите во рамките на редовните активности може да придонесат за поуспешна борба против трговија со луѓе за трудова експлотација, за  превенција и заштита на жртвите од овој вид криминал.

Државниот инспекторат за труд во соработка со Советот на Европа, а во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција одржа дводневна обуки за обучувачи за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе во октомври 2017 во Маврово. Трудов инспектор од Финска и локален експерт со искуство во водење истраги обучија 25 трудови инспектори на оваа тема, кои исто така имаа прилика да се запознаат и со работата на Националниот механизам за упатување и на единицата за борба против трговијата со луѓе и нелегална миграција. Учесниците беа информирани и за методологија за работа со возрасни лица со цел понатаму да вршат каскадни обуки на други инспектори.

Обучените трудови инспектори обучија други 25 трудови инспектори за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе на обуката која се одржа во ноември 2017 во Берово. Обуката имаше за цел и продлабочување на соработката помеѓу трудовите инспектори, социјалните работници и полицијата и насочување на работата на трудовите инспектори при вршење на нивните секојдневни обврски да можат да откријат можни ситуации на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Во рамките на проектор со Советот на Европа, во соработка со работната група формирана од страна на Државниот инспекторат за труд се публикуваше Џебен водич за трудовите инспектори за детекција и идентификација на претпоставени жртви на трговија со луѓе за трудова експлоатација, методологија и наставен план за обука на оваа тема и се ревидираше Прирачникот за трудови инспектори.

Согласно активностите на Државниот инспекторат за труд во борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во соработка со Совет на Европа планирано е да се организираат и други обуки.

Хоризонталниот инструмент за превенција и борба против трговијата со луѓе (октомври 2016 – јуни 2018) се фокусира на три области: експлоатација на трудот, компензација, враќање и реинтеграција на жртвите во согласност со пристапот на човековите права. Хоризонталниот инструмент е креиран за поддршка на властите во проследувањето на препораките на ГРЕТА, механизам за набљудување на Конвенцијата за активности против трговијата со луѓе во рамките на Советот на Европа.

ЏЕБЕН ВОДИЧ ЗА ТРУДОВИТЕ ИНСПЕКТОРИ ЗА ОТКРИВАЊЕ И ПРЕЛИМИНАРНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Целите за учење на настанот што ќе се организира во Скопје вклучуваат потврда на наодите од
прегледот на постојната НППР, потсетување за клучните концепти од мерењето на резултатите
и негова примена во подготовката на новата НППР….

Прочитајте повеќе

Трговија со луѓе како глобален проблем претставува кривично дело против човештвото, кое уништува многу животи не прави разлика на жртвите по основ на пол, раса и етничка припадност, а голем број на жртвите се жени и децата. Трудовите инспектори кога вршат инспекциски надзори се сретнуваат со различни категории на лица, кои може да бидат жртва на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Трудовите инспектори следејќи ги состојбите во рамките на редовните активности може да придонесат за поуспешна борба против трговија со луѓе за трудова експлотација, за превенција и заштита на жртвите од овој вид криминал.

Државниот инспекторат за труд во соработка со Советот на Европа, а во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција одржа дводневна обуки за обучувачи за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе во октомври 2017 во Маврово. Трудов инспектор од Финска и локален експерт со искуство во водење истраги обучија 25 трудови инспектори на оваа тема, кои исто така имаа прилика да се запознаат и со работата на Националниот механизам за упатување и на единицата за борба против трговијата со луѓе и нелегална миграција. Учесниците беа информирани и за методологија за работа со возрасни лица со цел понатаму да вршат каскадни обуки на други инспектори.

Обучените трудови инспектори обучија други 25 трудови инспектори за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе на обуката која се одржа во ноември 2017 во Берово.

Обуката имаше за цел и продлабочување на соработката помеѓу трудовите инспектори, социјалните работници и полицијата и насочување на работата на трудовите инспектори при вршење на нивните секојдневни обврски да можат да откријат можни ситуации на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Во рамките на проектор со Советот на Европа, во соработка со работната група формирана од страна на Државниот инспекторат за труд се публикуваше Џебен водич за трудовите инспектори за детекција и идентификација на претпоставени жртви на трговија со луѓе за трудова експлоатација, методологија и наставен план за обука на оваа тема и се ревидираше Прирачникот за трудови инспектори.

Во прилог е Извештај за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација  која е подготвена од страна на Клара Скриванкова и Лазар Јовевски која има за цел да ја презентира ситуацијата во ова област во Република Македонија, исто така понуди препораки за определени детектирани слабости и предлага зацврствување на улогата на трудовите инспектори во идентификување и детекција  на претпоставени жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Согласно активностите на Државниот инспекторат за труд во борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во соработка со Совет на Европа планирано е да се организираат и други обуки.

Хоризонталниот инструмент за превенција и борба против трговијата со луѓе (октомври 2016 – јуни 2018) се фокусира на три области: експлоатација на трудот, компензација, враќање и реинтеграција на жртвите во согласност со пристапот на човековите права. Хоризонталниот инструмент е креиран за поддршка на властите во проследувањето на препораките на ГРЕТА, механизам за набљудување на Конвенцијата за активности против трговијата со луѓе во рамките на Советот на Европа.

Извештај
Прирачник
Програма на Советот на Европа

Брзи линкови:
https://www.coe.int/en/web/skopje/preventing-and-combating-trafficking-in-human-beings-in-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia

https://www.coe.int/en/web/skopje

Годишен план за 2018 година по месеци  со предвидени дејности за контролa

               Месеци                                               Дејности
ЈАНУАРИ Трговија и Услужни дејност ,Текстилна индустрија,  Производство на леб и бели печива, и угостителство
ФЕВРУАРИ Преработувачка индустрија ,Трговија и услужни дејности , угостителство, Текстилна индустрија
МАРТ Градежништво ,Земјоделство ,  угостителство,трговија и услужни дејности , Заштитни друштва, Текстилна индустрија
АПРИЛ Tекстилна индустрија ,земјоделство, , градежништво, угостителство, трговија и услужни дејности,
МАЈ Градежништво,Рударство и вадење на камен,Производство, , Угостителство,Трговија ,  Услужни дејности  и Туристички агенции, Текстилна индустрија
ЈУНИ Угостителство, Преработувачка месна индустрија,градежништво, ,трговија , услужни дејности,Сообраќај и транспорт и Текстилна индустрија
ЈУЛИ Градежништво  ,бензински пумпи, автоперални,поправка на мотори и моторни возила, ,угостителство,трговија и услужни дејности, Текстилна индустрија
АВГУСТ Трговија и услужни дејност,  Угостителство ,Текстилна индустрија,градежништво,
СЕПТЕМВРИ  Прехранбена и конзервна индустрија, Откуп на земјоделски производи,  угостителство,трговија и услужни дејности, образование, Текстилна индустрија
ОКТОМВРИ Шумарство, Снабдување со електрична енергија ,гас ,пареа , ,Градежништво , угостителство,трговија и услужни дејности Текстилна индустрија и заштитни друштва
НОЕМВРИ Приватни здравствени установи, Снабдување со вода ,Агенции за привремени вработувања, градежништво, угостителство, , трговија и услужни дејности, образование, Текстилна индустрија
ДЕКЕМВРИ Финансиска дејност и дејност на осигурување, текстилна,градежништво, угостителство,трговија и услужни дејности

ДИРЕКТОР

Ајадин Хавзиу

Oбука на тема „Права на младите на работното место – пристојна работа за младите луѓе”

Од 01 јануари 2018 година, Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите“.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права.

Преку активностите на кампањата ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права на работното место на кој начин, каде и како да се информираат за нив.

Во состав на активностите на кампањата предвидена е Oбука на тема „Права на младите на работното место – пристојна работа за младите луѓе” организирана од Меѓународната организација на трудот (ILO) и Коалиција на младински организации СЕГА. Обуката има за цел подигнување на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место, односно информирање и запознавање на младите работници со нивните основни права на работното место.

Програмата за обука е  заснована врз прирачникот на МОТ за „Права на младите на работното место“, кој е прилагоден на македонското законодавство и ситуација. Обуката ќе ja спроведе национален експерт од областа на работничките права.

Настанот ќе се одржи во хотел Eсперанто во Струмица, во периодот од 31 јануари до 02 февруари 2018 година и ќе присуствуваат 25 учесници, претставници од институции, синдикати и граѓански организации од цела Македонија.

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Труд.

Национална кампања „365 работнички права за младите!“

Read More