Јан
1
пон
2018
Oбука на тема „Права на младите на работното место – пристојна работа за младите луѓе”
Јан 1 @ 12:49 pm – Јан 31 @ 1:49 pm

Oбука на тема „Права на младите на работното место – пристојна работа за младите луѓе”

Од 01 јануари 2018 година, Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите“.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права.

Преку активностите на кампањата ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права на работното место на кој начин, каде и како да се информираат за нив.

Во состав на активностите на кампањата предвидена е Oбука на тема „Права на младите на работното место – пристојна работа за младите луѓе” организирана од Меѓународната организација на трудот (ILO) и Коалиција на младински организации СЕГА. Обуката има за цел подигнување на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место, односно информирање и запознавање на младите работници со нивните основни права на работното место.

Програмата за обука е  заснована врз прирачникот на МОТ за „Права на младите на работното место“, кој е прилагоден на македонското законодавство и ситуација. Обуката ќе ja спроведе национален експерт од областа на работничките права.

Настанот ќе се одржи во хотел Eсперанто во Струмица, во периодот од 31 јануари до 02 февруари 2018 година и ќе присуствуваат 25 учесници, претставници од институции, синдикати и граѓански организации од цела Македонија.

 

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Труд.

Фев
7
сре
2018
Колку се почитуваат работничките права на младите во Р.Македонија?
Фев 7 @ 10:45 am – 1:15 pm
Јун
11
пон
2018
,, Работилница за следење и оценување за новата Национална програма за пристојна работа во Македонија , Хотел Арка , Скопје ,,
Јун 11 @ 8:30 am – Јун 12 @ 4:30 pm

Целите за учење на настанот што ќе се организира во Скопје вклучуваат потврда на наодите од
прегледот на постојната НППР, потсетување за клучните концепти од мерењето на резултатите
и негова примена во подготовката на новата НППР.

Обуката ќе вклучува сесии за

  • Образложение на мерењето на резултатите,
  • клучни концепти во мерењето на резултатите и нивна примена во планирањето на
    новата НППР,
  • подобрување на рамките за следење и оценување на клучните предложени исходи
    од НППР.

Очекувани резултати

  • потврда на прегледот на постојната НППР,
    унапредување на вештините за следење и оценување,
  • надополнување на клучните исходи со солидни показатели за постигнувањето, како и
    дефинирање клучени резултати по исход,
  • договарање на следните активности за подготовка на НППР, вклучувајќи ги и
    механизмите за следење.

Повеќе инфо на за работилницата симнете тука.

Сеп
13
пет
2019
Конференција за одржливост на проекти финансирани со ИПА средства
Сеп 13 all-day

На 13.09.2019 година беше одржана  “Конференција за одржливост на проекти финансирани со ИПА средства”, во организација на Секторот за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА, при Министерството за финансии и Националниот координатор за авторизација (НАО), структури кои се одговорни за следење и надзор на одржливоста на проектите финансирани со ИПА средства.

Конференцијата е во рамките на проектот ,, Поддршка на националните власти за ефикасно исполнување на условите утврдени со договорите за финансирање и наодите од ревизија во врска со спроведувањето на ИПА ll помошта,, финансирано од ЕУ.

На истата беа соделени искуства и Упатсва за одржливост на проектите финансирани од ИПА од страна на Министерство за финанасии. Свое обраќање имаа заменик министерката за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Националниот координатор за авторизација (НАО), како и претставник од Делегација на ЕУ.

Сеп
19
чет
2019
Хоризонталниот инструмент за спречување и борба против трговија со луѓе
Сеп 19 @ 9:54 am – Сеп 21 @ 10:54 am

Од  19-21 септември 2019 г. во организација на Советот на Европа и Европската Унија, во х.Дрим, Струга се одржа основна обука за Трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, како дел од проектот во рамките на Хоризонталниот инструмент (HF) за спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија (фаза II)- „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“.

На обуката учествуваа претставници од многу релевантни институции кои се директно инволвирани во случаите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, меѓу кои и претставници на Државниот инспекторат за труд, кои покрај присуството, свој придонес дадоа и со директно учество на обуката, преку презентација на своето знаење и вештини, како и излагање на практични примери и вежби кои би им послужиле на учесниците во случај на идентификување на дело на трговија со луѓе заради трудова експлоатација.

Една од целите на обуката беше и зголемувањето на вештините на трудовите инспектори кои не ја поминале основната обука, како и откривање, упатување и прелиминарно идентификување на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, врз основа на однапред дефинирани индикатори, како и зајакнување на меѓуинституционалната соработка и воспоставување контакти помеѓу трудовите инспектори и клучните чинители во борбата против трговијата со луѓе.

Со оглед на тоа што трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во моментот претставува глобален проблем и е кривично дело со кое се ограничуваат и кршат основните човекови права, Државниот инспекторат за труд и понатаму ќе продолжи да дава свој придонес во борбата против овој феномен.