Во текот на изминатата работна недела од 20.09. до 24.09.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 235 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој извештаен период, издадени се 55 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19, како и решенија за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа.

При надзорите било затечено 1  вработено лице кое не ја почитувало мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истото му бил врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Направени се исто така 29 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во текот на изминатата работна недела државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 252 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 54 редовни надзори, 161 вонредни надзори и 37 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 37 решенија со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и идадени се 8 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 11 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Поднесено е едно барање за поведување на прекршочна постапка заради неисплата на глоба во законскиот рок.​