Во текот на изминатата работна недела од 13.09. до 17.09.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 269 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој извештаен период, издадени се 50 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19, како и решенија за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа. Изречена е и една инспекциска мерка забрана за работа за небезбедни услови на градилиште.  

При надзорите било затечено 1  вработено лице кое не ја почитувало мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истото му бил врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност. Поведени се 2 прекршочни постапки со врачување на прекршочни платни налози, едната за неспроведени обврски на работодавачите од областа на безбедност и здравје при работа, а другата за вршење на нерегистрирана дејност.

Направени се исто така 31 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојабата по истекот на рокот од издадените решенија.