Во текот на работна недела од 16.08. до 20.08.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 151 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, претежно во дејностите трговија на големо и мало, угостителство . Во овој извештаен период, издадени се 15 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Решенијата најчесто беа издадени за:

  • Знаци и упатства со информативна содржина на влезот и во работните простории за користење на заштитна маска, дезинфекција на раце, држење на дистанца од 1,5-2 м во работниот простор
  • Поставување на диспанзери (средства) за дезинфекција на раце на влез од работните простории,,
  • Одбележување на прописното растојание меѓу клиентите во работниот простор од 1,5-2 м,
  • Редовно чистење и дезинфицирање на работните површини и простори и други мерки.

При надзорите беа затечени 10 вработени лица кои не ја почитувале мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истите веднаш им беше врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност. Доколку вработеното лице ја плати глобата во рок од 8 дена, истото ќе плати 50% од изречената глоба, а доколку не ја плати, инспекторот ќе поднесе прекршочна пријава до надлежниот орган.

Направени се исто така 20 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојабата по истекот на рокот од издадените решенија. 

И во наредниот период, надзорите на инспекторите ќе продолжат со засилено темпо во интерес на јавното здравје, а заради превенирање и заштита на вработените од ширење на заразната болест Ковид-19.