Владата на седницата одржана на 9 март 2021 година донесе Одлука за дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID -19  предизвикана од вирусот SARS – CoV-2, случаите и времен период на нивна примена (Службен весник на РСМ бр.55/2021 од 09.03.2021 година) со која се забранува движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 22:00-05:00 часот наредниот ден почнувајќи од 10 март 2021 (среда) до 22 март 2021 (понеделник), и заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес и организацијата на работата на компанијата во смени и ноќна работа. Владата одлучи образецот за дозвола за движење кој беше во употреба во текот на 2020 година да продолжи да се употребува и во текот на 2021.

Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на ограничено движење и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена, ОД КОМПАНИИТЕ КОИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ЗА РАБОТА ВО СМЕНИ. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, потребно е овој образец да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Работодавачите кои имаат работници во ноќна смена и за тоа се регистрирани, согласно член 127 став 3 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи редовно работници за ноќна работа во ноќна смена меѓу 22,00 часот и 6,00 часот, должен е да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд), на следната електронска адреса: prijava@mtsp.gov.mk ​

Образец/Дозволата за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.