Директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска, претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Координаторот на канцеларијата на МОТ, Емил Крстановски и Наташа Мечкароска Симјаноска, проектен координатор на проектот, Зајакнување на социјалниот дијалог, одржа средба во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

На средбата се дискутираше за зајакнување на соработката помеѓу ДИТ и ССМ во поглед на постапувањето по пријавите на работниците за кршење на работничките права.

За таа цел, со поддршка на Меѓународната организација на труд се одвиваат активности за  креирање нова услуга – Мобилна апликација преку која работниците ќе можат до ССМ да доставуваат пријави за прекршување на законот и Колективниот договор, како и преземање на мерки од страна на ДИТ во заштита на работничките права.

Воедно, се дискутираше и за пријавите кои ССМ во изминатиот период ги доставува до Државниот инспекторат за труд за неисплатен регрес за годишен одмор, неисплатени плати, незаконски откази на договорите за вработување и слично.

Со цел продлабочување на соработката помеѓу Државниот инспекторат за труд и Сојузот на синдикати на Македонија меѓусебно се обврзаа да ги поттикнуваат работниците и  истовремено да ги охрабрат во пријавување на сите прекршувања за нивните права од работен однос.