Постапувањето на инспекторите од Државниот инспекторат за труд по преставките на граѓаните, инспекциските надзори  за време на пандемијата со Ковид-19, заедничките контроли со Управата за јавни приходи кај фирми кои зеле државна финансиска помош за плати на вработените а не исплатиле плати или исплатиле понизок износ од добиената помош, екипираноста на Државниот инспекторат за труд и како да се охрабрат граѓаните за пријавување на сите нерегуларности во врска со правата од работен однос, беа дел од прашањата на кои директорката Јована Тренчевска разговараше во утринската програма на првиот канал на  Македонската Радио Телевизија.