Денес директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска оствари средба со претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска. Зајакнување на јавно-приватниот дијалог, унапредување на соработката и координацијата беше фокусот на денешната средба.
Соработката во иднина ќе се продлабочи со партнерски пристап на двете институции со цел интензивирање на превентивната и едукативна функција, но и преземање на заеднички активности за сузбивање на сивата економија.