ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36
став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14,
196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19),
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 април 2020
година, донесе
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НОСЕЊЕ ЛИЧНА ЗАШТИТА НА ЛИЦЕТО
ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО, СУЗБИВАЊЕ НА ЗАРАЗНАТА
БОЛЕСТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19 И ЗАШТИТА НА
НАСЕЛЕНИЕТО ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Член 1
Со оваа уредба со законска сила се уредува носењето лична заштита на лицето заради
спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот
COVID-19 и заштита на населението, како и надзорот над спроведувањето на носењето
лична заштита на лицето, за време на траењето на вонредната состојба.

Превзеди ја уредбата.