Од  19-21 септември 2019 г. во организација на Советот на Европа и Европската Унија, во х.Дрим, Струга се одржа основна обука за Трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, како дел од проектот во рамките на Хоризонталниот инструмент (HF) за спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија (фаза II)- „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“.

На обуката учествуваа претставници од многу релевантни институции кои се директно инволвирани во случаите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, меѓу кои и претставници на Државниот инспекторат за труд, кои покрај присуството, свој придонес дадоа и со директно учество на обуката, преку презентација на своето знаење и вештини, како и излагање на практични примери и вежби кои би им послужиле на учесниците во случај на идентификување на дело на трговија со луѓе заради трудова експлоатација.

Една од целите на обуката беше и зголемувањето на вештините на трудовите инспектори кои не ја поминале основната обука, како и откривање, упатување и прелиминарно идентификување на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, врз основа на однапред дефинирани индикатори, како и зајакнување на меѓуинституционалната соработка и воспоставување контакти помеѓу трудовите инспектори и клучните чинители во борбата против трговијата со луѓе.

Со оглед на тоа што трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во моментот претставува глобален проблем и е кривично дело со кое се ограничуваат и кршат основните човекови права, Државниот инспекторат за труд и понатаму ќе продолжи да дава свој придонес во борбата против овој феномен.