Државниот инспекторат за труд нема доволно кадар за да направи контрола на сите случаи за прекршувањето на правата на работниците од страна на работодавачите. Според местото на Советот за надзорот на овој орган , инспекторите треба да направат по еден надзор дневно со намера на попророфесионален начин да се реализира работата. Во меѓувреме оваа институција која има за цел штитење на правата на работниците но и на работодавачите, се јавуваат повеќе од 20 илјади случаи годишно.

Директорот на Државниот инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу кажува дека во оваа институција има вкупна 194 вработени од коии 105 се инспектори распоредени на 30 подрачја. Според законот треба да бидат вработени 135 инспектори, значи моментално недостатуваат 30 инспектори

Според систематизацијата на работните места што поминала пред две години, ние имаме слободни места за 135 инспектори. Но систематизацијата можеме да ја смениме во иднина во зависност од барањата и обемот на работата.”- рече Алајдин Хавзиу, Директор на Државниот инспекторат за труд.

Вработувањата во јавниот сектор треба да се одобруваат од страна на Министерството за финанции. Според Директорот на Инспекторатот, врз основа на план-програмата за 2019 година, која е одобрена, на Инспекторатот ќе му се приклучат и 10 млади инспектори. Врз основа на инспекциските надзори што се делат на редовни и вонредни, се гледа дали работникот е пријавен, дали му се исплаќаат придонесите, дали исплатата на плата се реализира во предвидениот законски рок и дали странките се придржуваат или не се приодржуваат кон договорот. Според, Алајдин Хавзиу, повеќето од жалбите се околу исплатата на регрес за годишен одмор општо познат како К-15. Според нето, се во голем број пријавите поднесени од граѓаните дека рабтодавачите ги исплаќаат средствата, но бараат назад од работникот средствата да му ги врати во готово. Меѓутоа иако ние како Инспекторат ова го контролираме низ цела година, тој вели единствениот начин за да не се направи едно такво прекршување е зголемената совест на работникот. Бидејќи, како што објаснува Директорот, Инспекторатот не може да постапи, бидејќи таквото нешто нема можност да го констатира .

“Кога К-15 не е исплатен, инспекторот го задолжува со решение и има законски рок што работодавачот треба да исплати, доколку во законскиот рок не го исплати , тогаш инспекторот донесува решение за поведување на прекршочна постапка. Понатаму предметот од кај нас оди на Комисија што е во склоп на Министерството за труд и социјална политика, потоа во Второстепена комисија а може да оди и до Управен суд., ” – рече Алајдин Хавзиу, директор на Државен инспекторат за труд.

Во две направени анализи во Халсиншкиот комитет, кои  ги анализираат правата на работниците во последните три години, се смета дека задоволството кај граѓаните од овој вид на институционална заштита е особено ниска. Тековно заклучокот е дека Инспекторатот на трудот не ужива доверба кај граѓаните.