Државниот инспекторат на трудот стана дел од платформата на земјите од западен Балкан со кој се зајакнува соработката на инспекторатите за труд. На средбата во Тирана, Албанија на 27-28 март 2019 година се попишаа меморандум за соработка од страна на директорите на државните инспекторати на трудот.

Директорот на ДИТ,   г-дин Хавзиу истакна дека соработката и размената на искуства помеѓу сите инспекторати е важна за подобрување на работата на инспекцијата на трудот , како и приближување до европските практики.

Настанот беше организиран во рамките на регионалниот проект  “Платформата за вработување и социјални прашања” (ПВСП),  кој го финансира Европската Унија, а заеднички го спроведуваат Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Регионалниот совет за соработка (РСС) во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Србија и Македонија.

Активностите наменети за инспекторатите на трудот ќе придонесат кон развивање тесна соработка и доверба меѓу инспекциите за труд во земјите од Западен Балкан, преку промовирање на споделувањето информации и знаење поврзано со усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди за труд и директивите на ЕУ во областа на здравје и безбедност при работа, стратегии и алатки за формализирање на неформалното вработување и непријавената работа, и институционални одговори кон проблемите со усогласувањето.