Во текот на изминатата работна недела од 18.10. до 22.10.2021 година, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 279 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 36 редовни надзори, 198 вонредни надзори и 47 контролни инспекциски надзори за утврдување на дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 41 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 8 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 4 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Во текот на изминатата работна недела од 18.10. до 22.10.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 183 инспекциски надзори, претежно надзори извршени во основните и средните училишта, по претставки (барања) од странки и известувања за несреќа на работа.

Во овој извештаен период, издадени се 59 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа.

Наплатена е глоба од 1750 евра во денарска противвредност за неспроведена обврска на работодавачот од областа на безбедност и здравје при работа – неиспитано средство за работа на кое се повредил работник.

​Направени се исто така 48 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија.

Во текот на изминатата работна недела од 12.10. до 15.10.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 194 инспекциски надзори. Надзорите претежно беа извршени во основните и средните училишта, по претставки (барања) од странки и известувања за несреќи на работа, меѓу кои и за еден случај – колективна несреќа со смртни последици за две лица во кругот на рудник Бучим, Радовиш. Во инспекциските надзори се вршеше контрола врз спроведувањето на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа, но и контрола врз спроведувањето на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19.

Во овој извештаен период, издадени се 110 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа.

При надзорите било затечено 1  вработено лице кое не ја почитувало мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истото му бил врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Направени се исто така 25 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија. 

Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 246 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 41 редовни надзори, 157 вонредни надзори и 48 контролни инспекциски надзори за утврдување на дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 50 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 5 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 5 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Во текот на работна недела од 04.10. до 08.10.2021 година, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 289 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Од вкупниот број на надзори извршени се 33 редовни надзори, 203 вонредни надзори и 53 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле по истекот на рокот од издадените решенија. Во овој извештаен период, издадени се 32 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 9 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена. Издадени се 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 231 инспекциски надзори, по претставки (барања) од странки и известувања за несреќа на работа, меѓу кои и за еден случај несреќа на работа со смртни последици на градежен објект во Скопје. Во овој извештаен период, издадени се 122 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа. Направени се исто така 26 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојабата по истекот на рокот од издадените решенија​

Во текот на изминатата работна недела од 27.09. до 01.10.2021 година, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 269 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 32 редовни надзори, 192  вонредни надзори и 45 контролни инспекциски надзори за утврдување , дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија.

Во овој извештаен период, издадени се 48 решенија со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и идадени се 7 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 6 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Поднесено е 1 барање за поведување на прекршочна постапка заради неисплата на глоба во законскиот рок за порамнување даден во издадениот прекршочен платен налог.

Во текот на извештајниот период државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 228 инспекциски надзори, претежно надзори извршени во основните и средните училишта, по претставки (барања) од странки и известувања за несреќа на работа, меѓу кои и за еден случај несреќа на работа со смртни последици на градежен објект во Скопје.

Во овој извештаен период, издадени се 118 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа.

Поведена е 1 прекршочна постапка со врачување на 2 прекршочни платни налози (на работодавач и одговорно лице кај работодавачот), за неспроведена обврска на работодавачот од областа на безбедност и здравје при работа – неиспитано средство за работа на кое се повредил работник.

Направени се исто така 27 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојабата по истекот на рокот од издадените решенија.

Во текот на изминатата работна недела од 20.09. до 24.09.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 235 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој извештаен период, издадени се 55 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19, како и решенија за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа.

При надзорите било затечено 1  вработено лице кое не ја почитувало мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истото му бил врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Направени се исто така 29 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во текот на изминатата работна недела државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 252 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 54 редовни надзори, 161 вонредни надзори и 37 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 37 решенија со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и идадени се 8 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 11 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Поднесено е едно барање за поведување на прекршочна постапка заради неисплата на глоба во законскиот рок.​

Во текот на изминатата работна недела од 13.09. до 17.09.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 269 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој извештаен период, издадени се 50 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19, како и решенија за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа. Изречена е и една инспекциска мерка забрана за работа за небезбедни услови на градилиште.  

При надзорите било затечено 1  вработено лице кое не ја почитувало мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истото му бил врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност. Поведени се 2 прекршочни постапки со врачување на прекршочни платни налози, едната за неспроведени обврски на работодавачите од областа на безбедност и здравје при работа, а другата за вршење на нерегистрирана дејност.

Направени се исто така 31 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојабата по истекот на рокот од издадените решенија.

Во текот на работна недела од 06.09. до 10.09.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 206 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој извештаен период, издадени се 27 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Решенијата најчесто беа издадени за:

  • Знаци и упатства со информативна содржина на влезот и во работните простории за користење на заштитна маска, дезинфекција на раце, држење на дистанца од 1,5-2 м во работниот простор
  • Поставување на диспанзери (средства) за дезинфекција на раце на влез од работните простории,,
  • Одбележување на прописното растојание меѓу клиентите во работниот простор од 1,5-2 м,
  • Редовно чистење и дезинфицирање на работните површини и простори и други мерки.

При надзорите беа затечени 3 вработени лица кои не ја почитувале мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истите веднаш им беше врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност. Доколку вработеното лице ја плати глобата во рок од 8 дена, истото ќе плати 50% од изречената глоба, а доколку не ја плати, инспекторот ќе поднесе прекршочна пријава до надлежниот орган.

Направени се исто така 50 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија. 

Државниот инспекторат за труд по зачестените јавувања на  граѓани околу мерката за ослободувањето од работа на бремените жени укажува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.

Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.

Отсуството од работа и работни обврски со физичко присуство бремените жени кај работодавачот го оправдуваат со приложување на потврда од матичен гинеколог.

Заштитата на бремените работнички ги опфаќа сите, без разлика дали се во приватниот или државниот, односно јавниот сектор. Мерката треба да ја почитуваат сите работодавачи, без исклучок, дури и ако работничката даде согласност за одење на работа, бидејќи доколку дојде до несакани последици поради непочитувањето на мерката, одговорноста ќе биде на работодавачот.

Секое непочитување на оваа мерка од страна на работодавачите, ќе биде санкционирано согласно закон.

Ги известуваме сите граѓани дека на веб страната на Државниот инспекторат за труд  www.dit.gov.mk можат да пријават неправилности и непочитување на мерките за заштита од Корона вирусот донесени од Владата.

Оваа соопштение го објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени.​

Извештај за извршени надзори врз примената на мерките, одлуките и протоколите за спречување на ширење Ковид 19  во работните простории кај работодавачите во период 30.08.21 до 03.09.2021

Во текот на работна недела од 30.08. до 03.09.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 218 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, претежно во дејностите производство,трговија на големо и мало, угостителство. Во овој извештаен период, издадени се 11 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Решенијата најчесто беа издадени за:

  • Знаци и упатства со информативна содржина на влезот и во работните простории за користење на заштитна маска, дезинфекција на раце, држење на дистанца од 1,5-2 м во работниот простор
  • Одбележување на прописното растојание меѓу клиентите во работниот простор од 1,5-2 м,
  • Редовно чистење и дезинфицирање на работните површини и простори и други мерки.
  • Поставување на диспанзери (средства) за дезинфекција на раце на влез од работните простории,,

При надзорите беа затечени вработенo лицe коe не ја почитувал мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истиот веднаш му  беше врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност. Доколку вработеното лице ја плати глобата во рок од 8 дена, истото ќе плати 50% од изречената глоба, а доколку не ја плати, инспекторот ќе поднесе прекршочна пријава до надлежниот орган.

Направени се исто така 33 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија. 

И во наредниот период, надзорите на инспекторите ќе продолжат со засилено темпо во интерес на јавното здравје, а заради превенирање и заштита на вработените од ширење на заразната болест Ковид-19.​

Извештај за извршени надзори врз примената на мерките, одлуките и протоколите за спречување на ширење Ковид 19  во работните простории кај работодавачите  во период 23.08.21 до 27.08.2021

Во текот на работна недела од 23.08. до 27.08.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 203 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, претежно во дејностите производство, трговија на големо и мало, угостителство. Во овој извештаен период, издадени се 20 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Решенијата најчесто беа издадени за:

  • Одбележување на прописното растојание меѓу клиентите во работниот простор од 1,5-2 м,

  • Редовно чистење и дезинфицирање на работните површини и простори и други мерки.

  • Знаци и упатства со информативна содржина на влезот и во работните простории за користење на заштитна маска, дезинфекција на раце, држење на дистанца од 1,5-2 м во работниот простор

  • Поставување на диспанзери (средства) за дезинфекција на раце на влез од работните простории,,

При надзорите беа затечени 6  вработени лица кои не ја почитувале мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истите веднаш им беше врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност. Доколку вработеното лице ја плати глобата во рок од 8 дена, истото ќе плати 50% од изречената глоба, а доколку не ја плати, инспекторот ќе поднесе прекршочна пријава до надлежниот орган.

Направени се исто така 34 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија.

И во наредниот период, надзорите на инспекторите ќе продолжат со засилено темпо во интерес на јавното здравје, а заради превенирање и заштита на вработените од ширење на заразната болест Ковид-19.