Со препораките на Владата до компаниите поврзани со корона пандемијата, работодавачите добија нови насоки како да ја организираат работата, а работниците – дополнителни права во насока на поголема лична заштита и грижа за семејствата. За тоа колку компаниите ги прифаќаат и почитуваат правата на своите вработени, и колку работниците се борат за истите, InStore разговараше со Аљајдин Хавзиу, директор на Државниот инспекторат за труд. 

Колку претставки се поднесени против работодавачи до Државниот инспекторат за труд од кога почнаа да се спроведуваат владините препораки за Ковид-19? На какви кршења на правата најчесто се жалат работниците?  

-Од почетокот на кризата, од 11 март 2020 година (обработени податоци) до Државниот инспекторат за труд се пристигнати вкупно 736 претставки, и тоа преку интернет страницата, телефонски јавувања во кол-центарот и специјалниот е-маил отворен само за кризата, poplaki@mtsp.gov.mk. Од претставките, 209 се однесуваат на непочитување на правото за платено отсуство за родители кои имаат деца до 10 години, 193 претставки се за отказни решенија, додека 334 претставки се по различни основи за прекршување на правата на работниците согласно Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа.

Од кој сектор се компаниите кои во актуелната ситуација, најчесто ги кршат работничките права? 

-Добивме претставки од повеќе дејности на економските оператори, а најбројните се од текстилната и од прехранбената индустрија.

Каков вид на санкции изрече Државниот инспекторат за труд досега,  за компании кои не ги почитуваат владините препораки – предупредувања, парични казни, кривични пријави….? Дали и колку работодавачи се казнети за непочитување на мерката – да пуштат дома родител на дете до 10 години?  

– Државниот инспекторат за труд, до овој момент нема поднесено прекршочни или кривични пријави за економските опеаратори за претставките кои досега се обработени. По претставка, инспекторот утврдува фактичка состојба на лице место. Ако има повреди на правата од работен однос, инспекторот носи решение со задолжување да се исправи одредена состојба во законски определениот рок. До овој момент, сите фирми имаат постапено по решението на инспектор, вклучувајќи ги и претставките за родители на деца до 10 години. Нагласувам дека оваа состојба е до моментот кога го правиме интервјуто.

Што би им советувале на работниците, како да ве најдат ако сакаат да пријават повреда на право од работен однос? Која е вашата препорака до компаниите во овој период, а со оглед на менталитетот што некаде уште преовладува – да не се почитуваат правата?

-Државниот инспекторат за труд во континуитет работи согласно годишна програма за надзори (редовни). Претставките не можеме однапред да ги планираме, но тие добиваат предност од моментот кога истите ќе ги добиеме и по нив се постапува. Работниците имаат неколку можности за пријавување, и тоа: лично (физички) да дојдат до Дирекцијата или до некоја од 32-те подрачни единици; преку интернет страната на Државниот инспекторат за труд; преку кол-центарот, преку телефоните во Дирекцијата..Претставките можат да бидат од познат подносител, но и во анонимна форма. Околу констатациите дека компаниите имаат менталитет да не се плашат од казни, не можам да се произнесам, бидејќи секоја од нив има свое размислување и поставување пред законите. Инспекторите при надзор постапуваат согласно законските одредби и во зависност од утврдената фактичка состојба, носат решение за истата.

С.С.З.

Согласно член 127 став 3 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи редовно работници во ноќна работа ( од 22 до 06 часот ) е должен да ја извести Инспекцијата на трудот.

Имено, работодавачите се должни да го известат Инспекторатот согласно обврските кои произлегуваат од Законот за работните односи Законот за безбедност и здравје при работа и тоа :

Известување за работа на државен празник,

Известување за прекувремена работа,

Известување за ноќна работа,

Известување за започнување со дејност,

Известување за започнување со градежни работи,

Известување за несреќа на работа

Горенаведените образци се доставуваат до Подрачните Единици на ДИТ, но може да се достави и електронски на мејот: prijava@mtsp.gov.mk

 

Во период од 11.03.2020 до 31.03.2020, Државниот инспекторат за труд има регистрирано вукпно 1454 пријави од граѓани, од кои 830 пријави се однесуваат за Информации во врска со мерките донесени од Владата за спречување на Корона вирусот, а останатите 624 пријави се однесуваат за непочитување на мерките донесени од Владата за спречување на ширење на Корона вирусот.

Од денес на сила стапуваат нови позасилени мерки за непочитување на владините препораки за заштита од коронавирусот кои треба да ги применуваат државните инспекторати.
Директорот на Државниот инспекторат за труд вели дека нема повеќе предупредувања за работодавците кои ќе бидат пријавени дека не дозволиле работник со дете до 10 години да остане дома по воведувањето на препораката.

Во врска со заклучоците на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерство за здравство, а со цел превенција од ширње на болеста COVID – 19 ( корона вирус ) се известуваат вработените кои имаат дете на возраст до 10 години, еден од родителите кој ќе се грижи за детето е ослободен од работните обврски.

За таа цел, работникот треба  писмено да го извести работодавачот дека ќе го користи правото на отсуство од работа поради грижа за детето при што ќе достави потврда / доказ издадена од детската градинка или од училиште, како и изјава дека другиот родител не го користи ова право.

Според заклучоците, право на отсуство од работа имаат и хронично болните работници, бремените жени и самохраните родители.

Воедно ги информираме вработените кои се спречени од работодавачите да го користат ова право, да го известат Државниот инспекторат за труд преку

  • Веб страната : dit.gov.mk ( 24 часа – 7 дена во неделата ),
  • Call центарот на 151 31 ( од 8, 30 до 16, 30 од понеделни до петок )
  • Телефонска линија 3116 – 110 од 8, 30 до 16, 30
  • Телефонска линија 3296 – 310 од понеделник до недела

( од понеделник до недела )

  • Мејлот prijava@mtsp.gov.mk

Превзеди документи:
Известување за Корона вирус
Документи за регулирање на отсуство
Прилог Изјава

 

“Спроведувањето на албанскиот јазик во државните институции  полека станува прифатена како нормална реалност без никого да оштети. Како позитивен пример може да се земе Државниот инспекторат за труд на Република Северна Македонија , кој веќе ја спроведува во целост употребата на официалниот албански јазик  во сите акти и документи.

Почнувајќи од табелата за именувањето, ставена на влезот на ова институција и до наједноставните дописи, сите ги направил и продолжува да ги прави на два јазика значи на македонски и албански.

Цела ова работа е направена благодарение на волјата и упорноста на директорот на оваа институција  г-дин Алајдин Хавзиу кој со својата посветеност на целосен зконски начин, само со двајца преведувачи постигнал да го стави во официјална употреба албанскиот јазик.

Овој случај може да служи како добар пример и за сите други директори и функционери кои делумно го спроведувале законот или кои сеуште не отпочнале од разни причини.” – канцеларија за информација, Агенција за спроведување на јазикот.

Податоците се превземени од:
https://bashke.tv/zbatimi-i-gjuhes-shqipe-ne-inspektoratin-shteteror-te-punes-shembull-qe-duhet-ta-ndjekin-te-gjithe-funksionaret/

На 13.09.2019 година беше одржана  “Конференција за одржливост на проекти финансирани со ИПА средства”, во организација на Секторот за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА, при Министерството за финансии и Националниот координатор за авторизација (НАО), структури кои се одговорни за следење и надзор на одржливоста на проектите финансирани со ИПА средства.

Конференцијата е во рамките на проектот ,, Поддршка на националните власти за ефикасно исполнување на условите утврдени со договорите за финансирање и наодите од ревизија во врска со спроведувањето на ИПА ll помошта,, финансирано од ЕУ.

На истата беа соделени искуства и Упатсва за одржливост на проектите финансирани од ИПА од страна на Министерство за финанасии. Свое обраќање имаа заменик министерката за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Националниот координатор за авторизација (НАО), како и претставник од Делегација на ЕУ.

Државниот инспекторат на трудот стана дел од платформата на земјите од западен Балкан со кој се зајакнува соработката на инспекторатите за труд. На средбата во Тирана, Албанија на 27-28 март 2019 година се попишаа меморандум за соработка од страна на директорите на државните инспекторати на трудот.

Директорот на ДИТ,   г-дин Хавзиу истакна дека соработката и размената на искуства помеѓу сите инспекторати е важна за подобрување на работата на инспекцијата на трудот , како и приближување до европските практики.

Настанот беше организиран во рамките на регионалниот проект  “Платформата за вработување и социјални прашања” (ПВСП),  кој го финансира Европската Унија, а заеднички го спроведуваат Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Регионалниот совет за соработка (РСС) во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Србија и Македонија.

Активностите наменети за инспекторатите на трудот ќе придонесат кон развивање тесна соработка и доверба меѓу инспекциите за труд во земјите од Западен Балкан, преку промовирање на споделувањето информации и знаење поврзано со усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди за труд и директивите на ЕУ во областа на здравје и безбедност при работа, стратегии и алатки за формализирање на неформалното вработување и непријавената работа, и институционални одговори кон проблемите со усогласувањето.

Превзедено од makfax.com.mk

За 11 дена во Државниот инспекторат за труд стигнале 248 претставки за неисплатен регрес за годишен одмор. Директорот на Инспекторатот, Аљајдин Хавзиу, вели дека инспекторите прават вонредни контроли и уверува дека ќе се постапи по секоја поднесена претставка.

„До 11 .1. 2019 во сите подрачни единици, вклучувајќи ја и дирекцијата, поднесени се 248 претставки за исплата на регрес за годишен одмор. Претставките се укажување дека нешто не е во ред. Инспекторите во текот на целата година имаат обврска при контролата да утврдат дали работодавецот исплатил регрес, ова сега е наезда од претставки оти луѓето мислат дека само сега може да се контролира и да се исплати, но за К15 ние зборуваме цела година. Тоа е дел од нашите редовни контроли. Оваа бројка од 248 ќе биде многу поголема оти неисплатен регрес утврдуваме и во редовните контроли“, изјави директорот Хавзиу за „Макфакс“ и нагласи дека бројот на претставки во Инспекторатот е зголемен во однос на лани во истиот период.

Онаму каде што ќе утврдат дека не е исплатен регрес, инспекторите му оставаат рок на работодавецот да го исплати, па ако не го исплати, се поведува прекршочна постапка. Сумирани резултати од вонредните контроли во компаниите директорот Хавзиу очекува до крајот на следниот месец.

„Се постапува во континуитет, ќе имаме податоци за овие претставки на крајот на февруари оти до тогаш треба да заврши и контролниот надзор. Во моментот не можеме со точност да кажеме по колку претставки е постапено, но со сигурност можам да кажам дека ќе се постапи по сите. По 15 февруари, ќе знаеме за колку од нив колку се донесени решенија за исплата на годишен регрес, не може 248 претставки во еден ден да се решат“, вели директорот Хавзиу.

Вонредни контроли прават 102 инспектори од 32 подрачни единици и од дирекцијата во Скопје. Директорот Хавзиу смета дека и тие, исто како и другите инспекторати, имаат недостиг од кадар, но вели дека тоа не е пресудно за работата на Инспектарот.

„И илјада инспектори да имаме, а немаме свест во општеството, и тие ќе бидат малку. Имаме недостиг на инспектори. Во планот имаме одобрено 10 вработувања во 2019 година, но исто толку инспектори во текот на годината ќе заминат во пензија. Нам ни недостигаат и ќе ни недостигаат инспектори. Со повеќе инспектори ќе го скратиме времето од пријавување до реализација. Јас се надевам дека ќе најдеме решение за вработувањата“, рече директорот Хавзиу.

За олеснување на процесот на контрола во компаниите, Државниот инспекторат за труд и Инспекцискиот совет подготвуваат „чекинг-листи“ со помош на кои секој работодавец може сам да си направи инспекција за десет основни работи што треба да ги има секоја компанија. Кога во инспекција ќе доаѓаат инспекторите од Државниот инспекторат за труд, работодавците ќе може само да ја покажат потполнетата листа и да понудат документација што ќе го потврди тоа.

По претставките за неисплатен К15, кои се најмногубројни во овој период, во преостанатите месеци од годината вработените најмногу се жалат во Државниот инспекторат за труд за неисплатена прекувремена работа.

Минатата недела Владата го задолжи Државниот инспекторат за труд до крајот на февруари да изготви детаљна информација за исплатата на регресот за годишен одмор и за мерките што се преземени против компаниите што не исплатиле К15.