Владата на седницата одржана на 9 март 2021 година донесе Одлука за дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID -19  предизвикана од вирусот SARS – CoV-2, случаите и времен период на нивна примена (Службен весник на РСМ бр.55/2021 од 09.03.2021 година) со која се забранува движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 22:00-05:00 часот наредниот ден почнувајќи од 10 март 2021 (среда) до 22 март 2021 (понеделник), и заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес и организацијата на работата на компанијата во смени и ноќна работа. Владата одлучи образецот за дозвола за движење кој беше во употреба во текот на 2020 година да продолжи да се употребува и во текот на 2021.

Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на ограничено движење и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена, ОД КОМПАНИИТЕ КОИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ЗА РАБОТА ВО СМЕНИ. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, потребно е овој образец да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Работодавачите кои имаат работници во ноќна смена и за тоа се регистрирани, согласно член 127 став 3 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи редовно работници за ноќна работа во ноќна смена меѓу 22,00 часот и 6,00 часот, должен е да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд), на следната електронска адреса: prijava@mtsp.gov.mk ​

Образец/Дозволата за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.

Со цел правилна и единствена примена на членот 35 став 1 точка 7 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството,  Државниот инспекторат за труд,  достави барање  ( кликни тука ) за толкување до надлежната Комисија за толкување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Од страна на надлежната Комисија  беше доставено  толкување ( кликни тука )

Воедно од Сојузот на синдикати на Македонија, до Државниот инспекторат за труд беше доставена дополнителна информација, која се однесува на допрецизирање на доставените толкувања на Комисијата. ( кликни тука )

Прилог:  Известување од Комисијата за толкување на одредбите од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. ( кликни тука )

Согласно член 127 став 3 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи редовно работници во ноќна работа ( од 22 до 06 часот ) е должен да ја извести Инспекцијата на трудот.

Имено, работодавачите се должни да го известат Инспекторатот согласно обврските кои произлегуваат од Законот за работните односи Законот за безбедност и здравје при работа и тоа :

Известување за работа на државен празник,

Известување за прекувремена работа,

Известување за ноќна работа,

Известување за започнување со дејност,

Известување за започнување со градежни работи,

Известување за несреќа на работа

Горенаведените образци се доставуваат до Подрачните Единици на ДИТ, но може да се достави и електронски на мејот: prijava@mtsp.gov.mk

 

Од денес на сила стапуваат нови позасилени мерки за непочитување на владините препораки за заштита од коронавирусот кои треба да ги применуваат државните инспекторати.
Директорот на Државниот инспекторат за труд вели дека нема повеќе предупредувања за работодавците кои ќе бидат пријавени дека не дозволиле работник со дете до 10 години да остане дома по воведувањето на препораката.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој  се однесува. Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата.

Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, укажуваме дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10 годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип наведен погоре да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост.

Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препораките, само заеднички можеме да се заштитиме и  да го заштитиме заедничкото здравје.

Превземено од МТСП

Владата го разгледа Записникот од Четвртата седница на Управничкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 10 март 2020 година, со Записник од Комисијата за заразни болести при министерството за здраство, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 ( корона вирус) и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, со цел превенција и ширење на овој вирус…

Превземете го целесниот документ на следниот линк: ДОКУМЕНТ

Трговија со луѓе како глобален проблем претставува кривично дело против човештвото, кое уништува многу животи не прави разлика на жртвите по основ на пол, раса и етничка припадност, а голем број на жртвите се жени и децата. Трудовите инспектори кога вршат инспекциски надзори се сретнуваат со различни категории на лица, кои може да бидат жртва на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Трудовите инспектори следејќи ги состојбите во рамките на редовните активности може да придонесат за поуспешна борба против трговија со луѓе за трудова експлотација, за превенција и заштита на жртвите од овој вид криминал.

Државниот инспекторат за труд во соработка со Советот на Европа, а во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција одржа дводневна обуки за обучувачи за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе во октомври 2017 во Маврово. Трудов инспектор од Финска и локален експерт со искуство во водење истраги обучија 25 трудови инспектори на оваа тема, кои исто така имаа прилика да се запознаат и со работата на Националниот механизам за упатување и на единицата за борба против трговијата со луѓе и нелегална миграција. Учесниците беа информирани и за методологија за работа со возрасни лица со цел понатаму да вршат каскадни обуки на други инспектори.

Обучените трудови инспектори обучија други 25 трудови инспектори за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе на обуката која се одржа во ноември 2017 во Берово.

Обуката имаше за цел и продлабочување на соработката помеѓу трудовите инспектори, социјалните работници и полицијата и насочување на работата на трудовите инспектори при вршење на нивните секојдневни обврски да можат да откријат можни ситуации на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Во рамките на проектор со Советот на Европа, во соработка со работната група формирана од страна на Државниот инспекторат за труд се публикуваше Џебен водич за трудовите инспектори за детекција и идентификација на претпоставени жртви на трговија со луѓе за трудова експлоатација, методологија и наставен план за обука на оваа тема и се ревидираше Прирачникот за трудови инспектори.

Во прилог е Извештај за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација  која е подготвена од страна на Клара Скриванкова и Лазар Јовевски која има за цел да ја презентира ситуацијата во ова област во Република Македонија, исто така понуди препораки за определени детектирани слабости и предлага зацврствување на улогата на трудовите инспектори во идентификување и детекција  на претпоставени жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Согласно активностите на Државниот инспекторат за труд во борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во соработка со Совет на Европа планирано е да се организираат и други обуки.

Хоризонталниот инструмент за превенција и борба против трговијата со луѓе (октомври 2016 – јуни 2018) се фокусира на три области: експлоатација на трудот, компензација, враќање и реинтеграција на жртвите во согласност со пристапот на човековите права. Хоризонталниот инструмент е креиран за поддршка на властите во проследувањето на препораките на ГРЕТА, механизам за набљудување на Конвенцијата за активности против трговијата со луѓе во рамките на Советот на Европа.

Извештај
Прирачник
Програма на Советот на Европа

Брзи линкови:
https://www.coe.int/en/web/skopje/preventing-and-combating-trafficking-in-human-beings-in-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia

https://www.coe.int/en/web/skopje

Годишен план за 2018 година по месеци  со предвидени дејности за контролa

               Месеци                                               Дејности
ЈАНУАРИ Трговија и Услужни дејност ,Текстилна индустрија,  Производство на леб и бели печива, и угостителство
ФЕВРУАРИ Преработувачка индустрија ,Трговија и услужни дејности , угостителство, Текстилна индустрија
МАРТ Градежништво ,Земјоделство ,  угостителство,трговија и услужни дејности , Заштитни друштва, Текстилна индустрија
АПРИЛ Tекстилна индустрија ,земјоделство, , градежништво, угостителство, трговија и услужни дејности,
МАЈ Градежништво,Рударство и вадење на камен,Производство, , Угостителство,Трговија ,  Услужни дејности  и Туристички агенции, Текстилна индустрија
ЈУНИ Угостителство, Преработувачка месна индустрија,градежништво, ,трговија , услужни дејности,Сообраќај и транспорт и Текстилна индустрија
ЈУЛИ Градежништво  ,бензински пумпи, автоперални,поправка на мотори и моторни возила, ,угостителство,трговија и услужни дејности, Текстилна индустрија
АВГУСТ Трговија и услужни дејност,  Угостителство ,Текстилна индустрија,градежништво,
СЕПТЕМВРИ  Прехранбена и конзервна индустрија, Откуп на земјоделски производи,  угостителство,трговија и услужни дејности, образование, Текстилна индустрија
ОКТОМВРИ Шумарство, Снабдување со електрична енергија ,гас ,пареа , ,Градежништво , угостителство,трговија и услужни дејности Текстилна индустрија и заштитни друштва
НОЕМВРИ Приватни здравствени установи, Снабдување со вода ,Агенции за привремени вработувања, градежништво, угостителство, , трговија и услужни дејности, образование, Текстилна индустрија
ДЕКЕМВРИ Финансиска дејност и дејност на осигурување, текстилна,градежништво, угостителство,трговија и услужни дејности

                                                                                                       

ДИРЕКТОР

Ајадин Хавзиу