Државниот инспекторат за труд нема доволно кадар за да направи контрола на сите случаи за прекршувањето на правата на работниците од страна на работодавачите. Според местото на Советот за надзорот на овој орган , инспекторите треба да направат по еден надзор дневно со намера на попророфесионален начин да се реализира работата. Во меѓувреме оваа институција која има за цел штитење на правата на работниците но и на работодавачите, се јавуваат повеќе од 20 илјади случаи годишно.
Read More

Државниот инспекторат на трудот стана дел од платформата на земјите од западен Балкан со кој се зајакнува соработката на инспекторатите за труд. На средбата во Тирана, Албанија на 27-28 март 2019 година се попишаа меморандум за соработка од страна на директорите на државните инспекторати на трудот.

Директорот на ДИТ,   г-дин Хавзиу истакна дека соработката и размената на искуства помеѓу сите инспекторати е важна за подобрување на работата на инспекцијата на трудот , како и приближување до европските практики.

Настанот беше организиран во рамките на регионалниот проект  “Платформата за вработување и социјални прашања” (ПВСП),  кој го финансира Европската Унија, а заеднички го спроведуваат Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Регионалниот совет за соработка (РСС) во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Србија и Македонија.

Активностите наменети за инспекторатите на трудот ќе придонесат кон развивање тесна соработка и доверба меѓу инспекциите за труд во земјите од Западен Балкан, преку промовирање на споделувањето информации и знаење поврзано со усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди за труд и директивите на ЕУ во областа на здравје и безбедност при работа, стратегии и алатки за формализирање на неформалното вработување и непријавената работа, и институционални одговори кон проблемите со усогласувањето.