ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36
став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14,
196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19),
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 април 2020
година, донесе
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НОСЕЊЕ ЛИЧНА ЗАШТИТА НА ЛИЦЕТО
ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО, СУЗБИВАЊЕ НА ЗАРАЗНАТА
БОЛЕСТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19 И ЗАШТИТА НА
НАСЕЛЕНИЕТО ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Член 1
Со оваа уредба со законска сила се уредува носењето лична заштита на лицето заради
спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот
COVID-19 и заштита на населението, како и надзорот над спроведувањето на носењето
лична заштита на лицето, за време на траењето на вонредната состојба.

Превзеди ја уредбата.

Владата го разгледа Записникот од Триесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 18 април 2020 година.

Превзеди го целиот документ

Со оваа уредба со законска сила се уредува висината и начинот на исплата на паричниот надомест по основ на склучен договор за дело на лица ангажирани во органите на државната власт, регулаторните тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна сопственост на државата, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје

Во период од 06.04.2020 до 09.04.2020 година, ДИТ има регистрирано вкупно 219 пријави од граѓани од кои 48 пријави се однесуваат за непочитување на мерките против Вирусот, а 171 се од информативен каркатер..

Приказа по оператори:

  • Call центарот 151 31 за период од 06 до 09.04.2020 година регистрирани се вкупно 148 пријави, од кои 129 се однесуваат за информации во врска со донесените мерки на Владата, а останатите 19 јавување се однесуваат за непочитување на истите. и тоа:
    • 06.04.2020 – 40 јавување – 2 за непочитување на мерките
    • 07.04.2020 – 46 јавување – 3 за непочитување на мерките
    • 08.04.2020 – 39 јавување – 4 за непочитување на мерките
    • 09.04.2020 – 23 јавување – 10 за непочитување на мерките
  • Во истиот период на Веб страната на ДИТ се регистрирани 37 пријави од кои 17 се однесуваат за непочитување на препораките на Владата, 20 се од информативен карактер.
  • Мејлот poplaki@dit.gov.mk регистрирани се 34 пријави од кои 12 се за непочитување на мерките, останатите 22 се од информативен карактер.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 37-ма седница го разгледа и усвои записникот од дваесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 7 април 2020 година.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата. Владата и стопанството имаат иста цел – во услови кога се спроведуваат мерки и активности за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, истовремено да се организира работењето на компаниите за што поефикасно справување со негативните последици. Апелираме до правните субјекти во оваа вонредна состојба сите да покажеме одговорност. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките.

Препораките за организирање на работниот процес се следните:

1. Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.

2. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.

3. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства  на база на алкохол).

4. Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

5. Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.

6. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.

7. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

8. Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).

9. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.

11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил.

MPPS: Kompanitë me kapacitete prodhuese t’u përmbahen rekomandimeve për mbrojtje të punëtorëve

Ministria e Punës dhe Politikës Sociale u bën thirrje të kompanive t’u përmbahen rekomandimeve për organizimin e punës sepse mbrojtja e shëndetit të punëtorëve është kusht themelore për mbrojtjen e ekonomisë. Qeveria dhe ekonomia kanë qëllim të njëjtë – në kushte kur po zbatohen masa dhe aktivitete për mbrojtje dhe parandalim nga përhapja e koronavirusit, njëkohësisht të organizohet puna e kompanive për përballje sa më efikase me pasojat negative. U bëjmë thirrje subjekteve juridike në këtë gjendje të jashtëzakonshme të tregojnë përgjegjësi. Shërbimet inspektuese janë në terren dhe do të ndjekin respektimin e rekomandimeve.

Këto janë rekomandimet për organizimin e procesit të punës:

1. Në fabrikat ku drejtpërdrejt zhvillohet procesi prodhues, të limitohet numri i të punësuarve deri në atë masë sa punëtorët të jenë në distancë prej 1.5 deri 3 metra.

2. Në ambientet e fabrikës të sigurohet mjet për dezinfektim të duarve dhe sipërfaqeve punuese.

3. Gjatë orarit të punës, punëtorët t’i respektojnë masat e përgjithshme të rekomanduara për nivel më të lartë të higjienës personale dhe të përgjithshme (larje e shpeshtë e duarve dhe dezinfektim duke përdorues mjete dezinfektuese alkoolike).

4. Të bëhet shpesh ajrosja e ambienteve të punës, përkatësisht disa herë gjatë ditës dhe nëse ka mundësi përmes ventilimit natyror dhe artificial.

5. Një herë në javë të bëhet dezinfektimi i të gjitha ambienteve të punës, posaçërisht në fabrika, nga shërbim i autorizuar për aktivitet të tillë.

6. Në rast të kontaktit të drejtpërdrejt me rast të konfirmuar laboratorik me COVID-19 (me apo pa simptoma), personi menjëherë të izolohet dhe të paraqitet në Qendrën kompetente për shëndet publik.

7. Të evitohet kontakti i të punësuarve midis tyre (të fabrikës) gjatë procesit të punës, e posaçërisht me nëpunësit administrativ.

8. Në rast të nevojës për punë administrative, nënshkrimi i dokumenteve të bëhet vetëm përmes një personi të caktuar i cili mban mbrojtje personave me vete (masë mbrojtëse dhe doreza).

9. Personat e ngarkuar për sigurimin e objektit të mbajnë po ashtu pajisje personale për mbrojtje.

10.Vozitësit të cilët distribuojnë prodhime të gatshme, repromatariale, dokumente të letrës, gjithashtu, të mbajnë pajisje personale mbrojtëse.

11.Të mos mbahen mbledhje/kolegjiume dhe të njëjtat të zhvillohen me telefon ose e-mail. ​

Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата донесе заклучок со кој се задолжуваат сите државни органи и институции, им се укажува на единиците на локална самоуправа  и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности.

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки.