Имајќи предвид дека Државниот инспекторат за труд е орган кој согласно со закон е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со закон и колективен договор, во рамките на планираните активности во текот на јануари и февруари 2019 година, покрај кај останатите правни субјекти,  ќе изврши инспекциски надзор кај сите правните субјекти во областа на производство на текстил и чевли. При инспекцискиот надзор,  ќе се проверува  исплатата на регресот за годишен одмор (К15), кое право е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор  од областа на стопанството, во која е утврдено дека  работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Инспекцискиот надзор во областа на производство на  текстил и чевли е  од причини што најголем број на преставки  во изминатите години беа од работниците во наведените дејности.

Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно законот и колективните догори, ДИТ ќе превземе мерки согласно законот.