Трговија со луѓе како глобален проблем претставува кривично дело против човештвото, кое уништува многу животи не прави разлика на жртвите по основ на пол, раса и етничка припадност, а голем број на жртвите се жени и децата. Трудовите инспектори кога вршат инспекциски надзори се сретнуваат со различни категории на лица, кои може да бидат жртва на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Трудовите инспектори следејќи ги состојбите во рамките на редовните активности може да придонесат за поуспешна борба против трговија со луѓе за трудова експлотација, за превенција и заштита на жртвите од овој вид криминал.

Државниот инспекторат за труд во соработка со Советот на Европа, а во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција одржа дводневна обуки за обучувачи за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе во октомври 2017 во Маврово. Трудов инспектор од Финска и локален експерт со искуство во водење истраги обучија 25 трудови инспектори на оваа тема, кои исто така имаа прилика да се запознаат и со работата на Националниот механизам за упатување и на единицата за борба против трговијата со луѓе и нелегална миграција. Учесниците беа информирани и за методологија за работа со возрасни лица со цел понатаму да вршат каскадни обуки на други инспектори.

Обучените трудови инспектори обучија други 25 трудови инспектори за детекција и прелиминарна идентификација на жртви на трговија со луѓе на обуката која се одржа во ноември 2017 во Берово.

Обуката имаше за цел и продлабочување на соработката помеѓу трудовите инспектори, социјалните работници и полицијата и насочување на работата на трудовите инспектори при вршење на нивните секојдневни обврски да можат да откријат можни ситуации на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Во рамките на проектор со Советот на Европа, во соработка со работната група формирана од страна на Државниот инспекторат за труд се публикуваше Џебен водич за трудовите инспектори за детекција и идентификација на претпоставени жртви на трговија со луѓе за трудова експлоатација, методологија и наставен план за обука на оваа тема и се ревидираше Прирачникот за трудови инспектори.

Во прилог е Извештај за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација  која е подготвена од страна на Клара Скриванкова и Лазар Јовевски која има за цел да ја презентира ситуацијата во ова област во Република Македонија, исто така понуди препораки за определени детектирани слабости и предлага зацврствување на улогата на трудовите инспектори во идентификување и детекција  на претпоставени жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Согласно активностите на Државниот инспекторат за труд во борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во соработка со Совет на Европа планирано е да се организираат и други обуки.

Хоризонталниот инструмент за превенција и борба против трговијата со луѓе (октомври 2016 – јуни 2018) се фокусира на три области: експлоатација на трудот, компензација, враќање и реинтеграција на жртвите во согласност со пристапот на човековите права. Хоризонталниот инструмент е креиран за поддршка на властите во проследувањето на препораките на ГРЕТА, механизам за набљудување на Конвенцијата за активности против трговијата со луѓе во рамките на Советот на Европа.

Извештај
Прирачник
Програма на Советот на Европа

Брзи линкови:
https://www.coe.int/en/web/skopje/preventing-and-combating-trafficking-in-human-beings-in-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia

https://www.coe.int/en/web/skopje