Промена на јазик

ЛинковиДежурен инспекторПофалби и критики


СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА НАС


Ние се бориме против сивата економија.
Таа го кочи развојот на државата, го спречува развојот на економијата.

Се бориме против нелојалната конкуренција.
Таа не дозволува бизнисот да оди напред, им наштетува на совесните работодавци кои се грижат за своите вработени.

Се бориме за правата на работниците.
Секој работник има право на здравствено и пензиско осигурување и сигурна иднина. Ние се грижиме тоа и да го добијат.

Ние се бориме бизнисот да оди напред.

Делувањето на Инспекторатот е насочено кон:


  • Редовно и ефикасно функционирање на превентивната и репресивната функција на Инспекторатот
  • Спречување на субјектите да работат без утврдени мерки, нормативи и стандарди за заштита при работа
  • Намалување на бројот на трудовите инвалиди, тешките повреди и смртните случаи
  • Да се елиминира ДИВО работење – сите ангажирани кај работодавците да имаат заснован работен однос и да остваруваат права од работни односи согласно законите и колективните договори
  • Ефикасно санкционирање на сите прекршители на законите
  • Квалитетна заштита на правата на работниците и создавање чувство на сигурност и одговорност
  • Доследно спроведување на законите, колективните договори и други прописи над кои инспекцијата врши надзор
  • Создавање клима на доверба помеѓу работниците, работодавците и инспекцијата
  • Отворање на инспекторатот кон јавноста во функција на квалитетно информирање и анимација на работодавците и работниците
  • Ефикасен и квалитетно организиран Инспекторат
  • Компетентен, стручен и мотивиран инспектор
  • Обезбедени ефикасни комуникации интерни (во рамките на инспекторатот) и екстерни (со институциите, органите и службите од интерес).

Со одлука на Владата, врз основа на член 43 од Законот за безбедност и здравје при работа, се основа Совет за безбедност и здравје при работа како експертско и советодавно тело на Владата на Република Македонија. Претседател на советот е Горан Јовановски, Јованка Каранџиска – Беслимовска потпретседател и Милан Петковски – секретар.

Стратегија за модернизација и квалификација на Државниот инспекторат за труд