Промена на јазик


ПРИЈАВА


ЈАВЕТЕ СЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОJ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
KUVENDI I REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT

Добредојдовте на веб страницата
на Државниот инспекторат за труд


Ние се бориме против сивата економија.
Таа го кочи развојот на државата, го спречува развојот на економијата.Се бориме против нелојалната конкуренција.
Таа не дозволува бизнисот да оди напред, им наштетува на совесните работодавци кои се грижат за своите вработени.Се бориме за правата на работниците.
Секој работник има право на здравствено и пензиско осигурување и сигурна иднина. Ние се грижиме тоа и да го добијат.Ние се бориме бизнисот да оди напред.

АКТУЕЛНО

Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на работодавачите за намалување на административните процедури при доставувања на известувањата до ДИТ, постои можност за електронско евидентирање на овие известувања, со праќање на известувањата по емаил на следната мејл адреса prijava@mtsp.gov.mk. Унифицирани пријави работодавачите ќе можат да ги најдат подоле на оваа страницата на Државниот инспекторат за труд (dit.gov.mk). Во зависност од видот на обврската за пријавување, работодавачите се должни да ја најдат и испечатат соодветната пријава/формулар, истата треба да ја пополнат со потребните податоци, да ја одбележат со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да ја испратат на наведениот мејл.

Се разбира, како и досега пријавите ќе можат да се доставуваат и писмено до подрачниот Инспекторат за труд, но и преку емаил, согласно роковите предвидени со законот, додека непочитување на одредбите, во законите е предвидена глоба за сторените прекршоци.

Вработување

Сам свој инспектор

контролни листи


Намената на контролните листи е работодавецот сам да провери дали ја поседува сета потребна документација согласно законските прописи и пополнатите листи да ги достави до подрачниот Државен инспекторат за труд.

На тој начин, секој работодавец е сам свој инспектор, а Државниот инспекторат за труд има евиденција дека фирмата ги исполнува сите законски обврски.

Доколку работодавецот не достави пополнети контролни листови надлежниот инспектор на трудот ќе ги посети просториите на работодавецот и ќе изврши инспекциски надзор за проверка на состојбата

Accessibility